Хрватска продолжи да се мачи, но се врати на победите на ЕП по драмтичниот финиш и триумфот над Белорусија 25-23. По мечот бекот на Вардар, Лука Циндриќ покрај освртот за вечерашниот меч, прокоментира и за Македонија.
-Уште пред ЕП реков дека Македонија ќе биде најголемото изненадување што и е случи. Ова мое мислење го темелев знајќи го Раул Гонзалез и неговите можности како тренер. Покажа дека е врвен стратег со играчи кои можеби не се некои имиња. Направи голем успех и им честитам за тоа, а прито им посакувам и многу среќа понатаму, изјави Циндриќ.
sportclub.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.