| четврток, 6 декември 2018 |

Србите на отстрел – дали овој човек е следната мета во Косово?

Стравични вести пристигнуваат од Косово!

Само еден ден по убиството на Оливер Ивановиќ, косовските медиуми објавија дека уште еден српски политичар на Косово е во животна опасност.

Како што пишува порталот Индексонлајн, нивниот извор од косовските разузнавачки кругови, им јавил дека и животот на Братислав Николиќ е во голема опасност.

Со овие закани, за кои порталот Индексонлајн тврди дека се сериозни, запознаена е и Косовската разузнавачка служба.

Николиќ инаку е градоначалник на Штрпац од јануари 2010 година. Политичката кариера го водела од СПС преку Српската либерална странка до СНС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top