Новиот распоред на судиите и прераспоредување на судската администрација го продлабочи хаосот во Основниот суд 1, а претседателот на судот Иван Џолев мирно си отпатува во Загреб да го следи ракометното првенство.
По новогодишните и божиќните празници судиите сеуште не можат да си ги пребројат предметите, а од друга страна поради неисполнување на предвидената норма мложе да бидат казнети.
Голем дел од службениците во судот се распределени на несоодветни места, за кои не се обучени или не им одговараат според описот на работното место, па судиите се чудат како ќе работат со нестручни служби, бидејќи доколку дојде до некоја ненамерна грепшка, одговорноста паѓа врз нив.
И распределбата на предметите доведува до сомневање бидејќи со затворањето на одделенијата (Џолев затвори 9 одделенија) и прераспоредување на судии, чии предмети потоа се концентрираат, се делат на помалку судии и ете простор за манипулации.
Сосема друга приказна е АКМИСОТ. Тоа е електорнски систем за делење на предметите. Донација од Амбасадата на САД, но клучевите за менаџирање од АКМИСОТ, од 2010 година, кога беше дониран, до ден денес не се дадени на судството. Тие се во Амбасадата на САД.
И сега со укинувањето на деветте одделенија и прераспределбата на судиите, АКМИСОТ е подесен да прави нивелација на по останатите судии. Ова се прави без никаква одлука и сето ова е предмет на сомнежи за местење на предмети.
извор: dosie.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Основен суд Скопје: Нема притвори за „Таргет“ и „Тврдина“, за „Титаник“ одлуките ќе бидат соопштени утре
-
Основен суд Скопје 1: Воведени се дополнителни дежурства за издавање Уверенија за неосудуваност непотребно се политизира!
-
Орален секс меѓу мажи заврши на суд во Велес
-
Вандализиран Судот каде што треба да му се суди на Заев