| четврток, 6 декември 2018 |

Основен суд Скопје: Нема притвори за „Таргет“ и „Тврдина“, за „Титаник“ одлуките ќе бидат соопштени утре

Основниот суд Скопје 1-Скопје објави соопштение во врска со постапувањето за предметите „Таргет“, „Титаник“ и „Тврдина“. Го пренесуваме во целост соопштението:
Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) од 30.06.2017 година, за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост НСК – КО бр. 17/15 поврзан со предметите во јавноста познати како „Таргет“ и „Тврдина“, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по разгледување на предлогот, како и ценење на фактите и доказите приложени во истиот, донесе решенија со кои:
Предлогот за определување мерка притвор против обвинетите С.М., Г.Г., Н.Н., Т.Ј. и Н.Б., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост и тоа на С.М., Г.Г. и Н.Н.,  – Обврска обвинетите еднаш неделно да се јавуаат на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа; на обвинетиот Н.Б., – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и службена патна исправа и забрана за издавање на нови; на обвинетиот Т.Ј. – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот.

Предлогот за определување мерки за претпазливост на Е.Џ. и тоа – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, се уважува.

Против овие решенија, странките имаат рок за жалба од 3 дена до Апелациониот суд.

Во однос на вториот предлог кој до судот беше доставен на 30.06.2017 година, откако одлуките ќе бидат писмено изработени и доставени до странките, јавноста ќе биде известена во текот на утрешниот ден.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top