| четврток, 6 декември 2018 |

Орален секс меѓу мажи заврши на суд во Велес

Три месеци условна казна му изрече Основнио суд во Велес на момче во дваесетти години, затоа што тепал клиент кој не му платил откако орално го задоволил.

Целата драма се случувала на Божик во раните утрински часови во домот на момчето, кое неодамна завршило средно школо. Тој го натепал и го заклучил клиентот, кој бил повозрасен маж, затоа што не му платил за сексуалната услуга откако двајцата орално се задоволувале, пренесува „Телеграф“.

Момчето му се налутило на клиентот и му се заканило ставајќи му нож под грлото, по што го држел заклучен околу 40 минути во подрумот и побегнал. Кога се вратил, со него биле и две други непознати лица, па сите тројца го удирале со тупаници по главата од што се здобил со повреди на вилицата и носот, а обвинетиот му ставил црна капа на главата, кабел на вратот и го удирал по грбот.

Потоа го однеле во друга подрумска просторија каде што го заклучиле и го држеле затворен околу 15 минути.

Момчето е осудено за противправно лишување од слобода на условна затворска казна од три месеци ако во следната година направи ново кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top