Основниот суд Скопје 1 преку соопштение информира дека веќе се воведени дополнителни дежурства за издавање Уверенија за неосудуваност и оти непотребно се политизира работата на судот и се злоупотребува ажурноста на судските служби со наводи дека преку судот се опструираат изборите. Во дописот од Врховниот суд, според соопштението од Основниот суд Скопје 1, се вели дека „Согласно наведеното, имајќи ги предвид скратените рокови за предвремените парламентарни избори, Ви укажуваме за потребно во рамки на Вашите законски надлежности, а по пат на судската управа, да организирате навремено издавање на потребните уверенија“. Дополнително во текот на денешниот ден, како што се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје, Судот од медиумите бил известен дека и Државната изборна комисија побарала поажурно да ги изготвува уверенијата за неосудуваност. Основниот суд Скопје 1 – Скопје, уште во текот на вчерашниот ден, преку две соопштенија им укажала на барателите навреме да поднесат барање за потребните уверенија, како и за начинот како се аплицира за нив и им појаснила на барателите за ажурноста на судот со цел, како што се наведува, кандидатите да го запазат законскиот рок. Ги известуваме сите инволвирани дека, ова е вообичаена процедура по која постапува судот и по која постапувал на сите претходни изборни процеси, а во однос на дежурствата истите се организирани, уште од вчера, Уверенијата од Казнена евиденција, кои порано се викаа Уверенија за неосудуваност, веќе се издаваат навремено, и доколку рокот за пријавување од страна на ДИК биде продолжен, секако дека ќе се воведат дежурства и за дополнителните денови, соопшти Основениот суд Скопје 1 – Скопје. Ова, како што стои, важи за сите кандидати кои треба да добијат соодветно Уверение во предвидениот рок, а не само за тие кои испратиле ургенции преку повисокиот суд или на друг начин, па затоа и непотребно се политизира работата на судот и се злоупотрбува ажурноста на судските служби со наводи дека преку судот се опструираат изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во Кривичен суд: Претседателот Иван Џолев во Загреб на ракомет, клучевите за менаџирање од АКМИСОТ во Амбасадата на САД
-
Основен суд Скопје: Нема притвори за „Таргет“ и „Тврдина“, за „Титаник“ одлуките ќе бидат соопштени утре
-
Орален секс меѓу мажи заврши на суд во Велес
-
Вандализиран Судот каде што треба да му се суди на Заев