Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес на денешната прес-конференција ги искажа очекувањата за претстојниот дуел со Германија во рамките на 3.коло од Ц-групата на Европското првенство во Хрватска.
„Победивме квалитетни ривали Словенија и Црна Гора. Задоволен и среќен сум што двата дуела ги решивме во последните минути. Сега за сега сите се добри, но ќе знаеме како е кога ќе бидеме на тренинг попладнево. Секако дека добро ќе се подготвиме за Германија тоа е селекција која има најмногу квалитет и да игра во полуфиналето. Треба да играме до крај и само така ќе стигнеме до посакуваниот резултат – рече Гонзалес.
извор: страндарт.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.