
Утрово околу 8.10 часот пред седиштето на неговата партија на северот на Косовска Митровица убиен беше Оливер Ивановиќ, претседателот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“.
Непознат напаѓач испукал неколку куршуми во лидерот на косовските Срби, кој нешто подоцна им подлегнал на повредите. Дел од косовските медиуми објавија дека кон него било пукано од автомобил во движење, за само неколку часа подоцна во истиот реон да биде пронајдена изгорена Опел Астра покрај еден регионален пат во Косовска Митровица, за која за верува дека убијците на Ивановиќ ја корисителе за бегство.
Автомобилот немал таблички, а полицијата се сомнева дека бил украден точно за оваа намена. Според српските медиуми, убијците прво ги анализирале навиките на Ивановиќ, па според неговата дневна рутина, точна знаеле кога ќе се појави во седиштето на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги


