| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец уценувал тинејџерка: 400 евра или да излезе со него за да не објави нејзини експлицитни фотографии

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Л. (29) од с. Врапчиште – гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уцена“.

Во октомври 2017 година, пријавениот со цел да прибави противправна имотна корист за себе уценувал 18 годишна девојка од с. Добридол, дека преку социјални мрежи ќе објави нејзини компромитирачки фотографии доколку не му исплати 400 евра или да излезе со него.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top