Синоќа околу 22.15 часот, полициски службеници од полициската станица Гостивар, на ул. „Никола Тесла“ во Гостивар запреле патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С. (22) од Гостивар, а како сопатници се наоѓале и А.Д (21) од с. Долна Бањица и А.С. (23) од Гостивар.
При преглед на возилото, зад совозачкото седиште била пронајдена наркотична дрога марихуана. При pрегледот, А.С. (23) им се спротивставувал на полициските службеници и одбивал да влезе во службеното
возило. Тој се обидел да избега и му ја скинал кошулата на еден од полициските службеници, при што му нанел и повреда на левата дланка.
Тројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Гостивар. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени содоветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.