Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Џ. (22) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „уцена“.
Во периодот од март 2017 година до април 2017 година, пријавениот уценувал 17-годишнa девојка од село Горна Бањица дека доколку не ја продолжи врската со него, ќе објавува нејзини фотографии со недолична и компромитирачка содржина.
Пријавениот испратил фотографии на нејзиното семејство и пријателите, а отворил и профил на „Инстаграм“ на нејзино име, каде што објавил неколку компромитирачки фотографии.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе те кажам на мажот: Полицаец уценувал тетовка откако таа одбила да ја продолжи врската со него
-
Прва кривична пријава за поткуп на гласови за референдумот
-
Кривична против две негувателки од штипска градинка за запуштање на дете
-
Финансиската полиција поднесе кривична пријава за Паско Кузман за градбите на Плаошник