Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И.(23) од гостиварското село Врапчишта.
Пријавениот, казнените дела ги сторил на 26-ти минатиот месец во објекти на деловни субјекти во Струга. Со употреба на сила и подесен алат, ги отворал влезните врати и ги кинел поставените катинари по што, влегувал во службените простории, вршел пребарување и одземал пари и други предмети.
Со извршувањето на четирите тешки кражби во Струга, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 17.000 денари. Од полицијата информираат дека пријавениот Џ.И. е познат извршител на вакви казнени дела против кого и досега биле поднесувани соодветни кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што вклучуваат законските измени со кои почнаа да се блокираат фирми ?
-
Гостиварец фатен со марихуана – кога се обидел да избега, му ја скинал кошулата на полицаецот
-
Гостиварец уценувал тинејџерка: 400 евра или да излезе со него за да не објави нејзини експлицитни фотографии
-
Со 20.000 евра граѓаните не можат да купат ни гарсониера, а Трајче Заев купи фирма по багателна цена