На 17 јануари од 20 часот во Јавна соба ќе се одржи втората самостојна изложба на Тони Попов, со наслов „Само сенка на она што доаѓа“. Ова е серијал на слики од “Апстрактна поезија”, која е чекор надвор од комфорната зона, крик на лузните кои копнеат за исцеление, обид на смртното да ѕирне во вечноста.

Тони Попов е самоук сликар кој со сликарство се занимава од 2011 година. Неговиот талент, вештина и контемплативна креативност се забележани од љубителите на сликарството, но и од уметничките критичари уште во неговите први дела. Неговите слики досега се продадени во единаесет земји.
Покрај сликањето, Тони одржува и теоретски и практични работилници за млади сликари во Осло, Норвешка.

На изложбата во среда во „Јавна соба“, ќе бидат изведени дела од композиторот и виолист, Марко Виденовиќ, кој беше инспириран да напише музика за делата „Ноември“, „Се уште паметам“ и „Помина нашето лето“.
Изложбата ќе биде отворена до 16 февруари 2018.
Попов изложувал во Струмица, Охрид, Торино (Италија) и Екс ен Прованс (Франција).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


