| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден договор помеѓу Челси и „Адидас“

Жозе Мурињо доби зелено светло да започне со шопинг откако Челси потпиша договор за спонзорство со „Адидас“ вреден неверојатни 300 милиони фунти (352.214.700 евра).

За спонзорство кое ќе трае 10 години „Адидас“ мораше да ја понуди највисока бројка на сите времиња, кој еден  производител  на опрема некогаш ја понудил на еден фудбалски клуб. Пред ова, рекордот  го држеа „Најк“ и Манчестер Јунајтед кои во 2000 година потпишаа 15-годишен договор  во вредност од 287 милиони фунти (336.952.063 евра).

 

Играчите на Челси и претходно ја носеа опремата на „Адидас“, а договорот кој за првпат беше потпишан 2006 година, се прошири 2010-тата и беше во вредност од околу 20 милиони фунти годишно.

chelsea_i_adidas_potpisali_rekordan_ugovor_125506_107640_big

 

Ова би значело дека Челси сега помалку ќе зависи од парите на Роман Абрамович.

 

Вреди да се спомене и дека ова е трет голем договор помеѓу клубовите и производителите на опрема во последните неколку недели. Арсенал  потпиша договор со „Пума“ вреден 30 милиони фунти годишно, додека пак Ливерпул ќе носат „Вориор“ опрема за 25 милиони фунти годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top