| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на дисциплинска: „Гаќиците“ му паднаа в око на ЕХФ, казна од 500 до 1000 евра

Ракометната федерација на Македонија е на дисциплинска комисија во ЕХФ, а до крајот на денот ќе биде познато колку ќе биде голема казната. Причината е смешна, но кога е во прашање Европската ракометна федерација не е ништо ново.

На Македонија и се заканува казна поради тоа што опремата не била идентична односно термо шорцевите биле во различна боја од бојата на дресот.

Како што можеше да се забележи ракометарите го играа дуелот против Црна Гора со црни и црвени термо шорцеви што се забележуваше под официјалната жолта боја на дресот и шорцевите.

Правилата на ЕХФ се строги, но секогаш се почитуваат. Она што е јасно е дека казната ќе биде парична и дека нема да се работи за некоја енормно голема сума. Се работи повеќе за опомена, а до крајот на денот ќе се знае колку голема ќе биде сега казната.

Според правилникот на ЕХФ, ценовникот за ваков тип на тривијални казни е од 500 до 1000 евра.

Ова не е првпат Македонија да има ваква казна бидејќи добија слична казна и на Светското првенство во Франција. Тогаш Македонија мораше да плати казна од 500 франци поради тоа што ракометарите не беа со иста боја на чорапи.

24rakomet.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top