
Репрезентацијата на Македонија има две победи во првите два меча на европското првенство во Хрватска, а утре ќе го одигра последниот натпревар од групата Ц против селекцијата на Германија во диркетниот дуел за првото место.
По завршувањето на оваа прва фаза на Европското првенство, се формираат две групи од по шест репрезентации каде се пренесуваат бодовите освоени против екипите што исто така се квалификувале во втората фаза од наптреварувањето, па така Македонија влегува со најмалку два бода. Овој втор дел од првенството стартува во четврток на 18 јануари. Натпреварите од Групата 1 ќе се одиграат во Арената во Загреб, а од Групата 2, во која ќе биде и нашата репрезентација, натпреварите ќе ги игра во Вараждин.
Македонија вкрстува со групата Д каде се Шпанија, Данска, Чешка и Унгарија. Пред последното коло во оваа група прва е Шпанија со максимални четири бода, а по два имаат Данска и Чешка. Најтенки шанси за пласман во следната рунда од оваа група има селекцијата на Унгарија која по два одиграни натпревари е без бодови.

Па така, најверојатно на 19, 21 и 23 или 24 јануари, без разлика дали ќе заврши прва или втора во групата, Македонија ќе си ги одмери силите со Шпанија, Данска и Чешка, а нема да биде сеедно ниту дали во оваа втора фаза од Европското ќе се влезе со 2 бода или пак со три или четири, во зависност од исходот на утрешниот меч против Германија.

По завршувањето на оваа фаза од Европското првенство, најдобро пласираните две репрезентации од двете групи ќе ги формираат полуфиналињата, прв со втор од различни групи, додека двете трето пласирани екипи од двете групи ќе играат за петто место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето


