Селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалес ја смирува еуфоријата која настана во земјава и меѓу навивачите по историската победа против Словенија.
Пред утрешниот меч со Црна Гора, тој бара максимална сериозност, но и да се заборави првиот меч од првенството.
-Што побрзо треба да го заборавиме натпреварот против Словенија и да се насочиме кон Црна Гора. Имаме два бода, играчите се мотивирани и тоа е добра ситуација за нова победа.
Не ни е важно како ќе игра противникот, ние имаме сознанија за нив, но ќе се обидеме да наметнеме наш стил бидејќи само така можеме да се надеваме на победа, изјави тренерот Раул Гонзалес.
sportclub.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.