Сообраќајот на државните патишта се одвива понаместа влажни коловози.
Снег со слаб интинзитет провејува на Ѓавато и Буково кој не се задржува на коловозот. Поради магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патот Лисец – Попова Шапка и од 50 до 100 метри на Стража, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.