| четврток, 6 декември 2018 |

Академик Ѓорѓи Поп-Атанасов: Ако се изгласа законот за јазиците, со Македонија е крај!

Академик Ѓорги Поп-Атанасов, теолог, изучувач на старословенската книжевност и на старите ракописи и постојан член на Одделението за лингвистика и литературна наука при Македонската академија на науките и уметностите, а тесна специјалност му се македонска црковна книжевност, библистика, херменевтика, црковна химнографија, хагиографија во интервју за порталот „Факултети.мк“ вели дека „изгласувањето на предлог-законот за употреба на јазиците ќе предизвика албанизација на територијата на цела Македонија. Тоа е закон за албанскиот јазик и треба да се прогласи за официјален на цела територија на Република Македонија. Ако се направи тоа, со Македонија е крај.“

– Го читав тој предлог-закон, тоа не е закон за јазици. Има 32 или 34 члена и секој член почнува со: „Јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението, јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението, јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто…“ Секој член почнува со таа реченица. Значи тоа е закон за албанскиот јазик. А со тој закон албанскиот јазик треба да се прогласи за официјален на цела територија на Република Македонија. Ако се направи тоа, со Македонија е крај, вели Поп-Атанасов за „Факултети.мк“.

– Целта е нешто друго. Фактички, не само што се сака тој јазик да се наметне на целата територија на државата, туку се става и над македонскиот јазик. Зашто во Законот за употреба на македонскиот јазик нема санкции за оној што не го зборува македонскиот јазик. А ние имаме политичар кој збор не кажал на македонски јазик. Како треба да го казнат него? Додека во овој предлог-закон за јазици, кој не е закон за јазици, туку за „јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението“, уште во првиот член е наведено кој сè треба да го употребува. Сите државни органи, јавни институции, претпријатија. Еден човек да има во некоја институција, ќе треба да се овозможат услови да се применува тој јазик. Ако се спроведе, ќе бидат блокирани сите институции, ќе бидат парализирани, нема да може ништо да функционира. И државата ќе почне сама по себе да се распаѓа. И на таа држава што се распаѓа, треба да дојде друга над неа, да биде друга држава, истакнува академик Поп-Атанасовски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top