| четврток, 6 декември 2018 |

Овој пејач бил снимен додека се дрогира: Поради недолично однесување го исфрлиле од свадбата на која пеел!

Српскиот портал „Курир“ објави фотографии од фолк-пејачот Дарко Лазиќ како се зема кокаин. Фотографиите се земени од снимка направена со мобилен телефон од страна на некој од присутните во просторијата. Според порталот, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ бил во друштво на неколку пријатели. Тој со раката најпрво го поделил белиот прав, потоа го вшмркал во носот, а на крајот со прст го размачкал и на непцата.

Лазиќ е познат по своето скандалозно однесување. Тој неодамна заради недолично однесување бил исфрлен од свадбата на којашто пеел, а на интернет се појавија и фотографии на кои се бакнува со маж. Неговата сопруга Ана, пак, го изневешувала со Аца Лукас, а за ова дознал преку медиумите.

Порталот најавува дека наскоро ќе ја објави и видео-снимката која била донесена во нивната редакција од страна на човекот што ја снимил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top