Фотографија која се појави на социјалните мрежи како две лица инјектираат дрога среде бел ден во училишен двор на едно гостиварско училиште, ја вознемири јавноста.
Освен што е зголемена употребата на дрога во полошко, зависниците веќе и на бираат место каде ги примааат психотропните супстанции.
Игли и шприцеви можат да се забележат по напуштени или недоградени објекти, по парковите и други јавни места. Ваквата состојба ја алармираше полицијата која изминатиов период ги засили контролите на целото полошко подрачје за откривање и санкционирање на лицата кои поседуваат, пуштаат во промет, или уживаат наркотични средства.
-За изминативе две недели приведени се 70 лица на тетовско-гостиварското подрачје поради сомнeвање за инволвираност во продажба или користење, претежно марихуана, но и хероин и кокаин, приведените лица се на возраст од 15 до 46 години. И двете лица кои инјектираа дрога среде бел ден во гостиварско училиште се идентификувани и против ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од СВР Тетово.
Од Центарот за Социјални работи Тетово, велат дека ги загрижува и фактот што постојано се намалува возрасната граница на приматели на наркотични средства. Нивните служби и полицијата се почесто регистрираат малолетни корисници на дрога.
Во Минатото велат, средношколците експериментираа со дрогата, сега веќе основците навлегуваат во овие брановите води од 12 и 13 годишна возраст.
Советуваат родителите да обрнат поголемо внимание на децата
Цветкоска го гледа проблемот и во училиштата, каде нема вработено доволно број на психолози и педагози, кои би требало да ја следат состојбата и однесувањето на децата.
Од полицијата и за периодов што следи најавија засилени контроли на локации и објекти, за кои има сознанија дека претставуваат чести собиралишта на наркокорисници.
извот:телма.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.