| четврток, 6 декември 2018 |

Евтинa синтетичкa дрога ја освои Велика Британија

Кризата во Британија достигна ниво на епидемија, а притисокот на јавноста врз полицијата и болничарите да ги „исчистат” улиците од „зомби” зависниците од синтетичката дрога „спајс” се зголемува.

Оваа дрога е евтина и предизвикува голема зависност, што резултира со вистински хаос во затворите и службите за брза помош.

„Спајс“ може да се купи за само пет фунти од кесичка, а шокантните ефекти од неговата употреба се видливи на улиците во Велика Британија, бидејќи консументите се „исполегнати“.

Најновите бројки покажуваат дека 123 лица починале од синтетички дроги во Англија и Велс во 2016 година. Минатиот месец беа хоспитализирани шест студенти од Кембриџ, кои ја консумираат оваа дрога.

Во јавноста се појавија страшни слики на „зомбираните” корисници на синтетички дроги како онесвестени лежат на улиците на британските градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top