| четврток, 6 декември 2018 |

Пред и зад Божиќ, дома да си – годинава малкумина заминаа за Грција!

Бројот на возилата кои минуваат преку граничниот премин „Богородица“ е вообичаен како и секој друг ден, во споредба со претходните години кога за божикните празници многу граѓани од Македонија се упатуваа кон Грција.
Зголемен е бројот на грчки граѓани кои доаѓаат во нашата земја за шопинг и забава.

– Интензитетот на сообраќајот во моментот е секојдневен, дури е невообичаено мирно за разлика од другите години кога за излез од земјава се создаваа колони од возила, се чекаше подолго време и работеа сите шест коловозни ленти. Моментно на „Богородица“ сообраќајот се одвива во секојдневни нормални прилики со стандардно задржување од десетина минути за обавување на царинските формалности – изјави командирот на граничната полиција Миле Тошев за МИА.
Забележлива е малку поголема раздвиженост за влез во земјава од страна на грчките граѓани кои секојдневно доаѓаат на шопинг и ги посетуваат казината во Гевгелија, а на заминување си ги полнат автомобилите со бензин, дизел и плин, коишто кај нас се се уште многу поевтини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top