Илија Несторовски се најде на страниците на денешното издание на „Газета дело Спорт”, најпознатиот весник од Италија, кој објависпецијална сторија за Македонецот. Нестогол“ е прв стрелец на „Сицилијанците“ и главниот играч зад одличната полу сезона и првото место во Серија Б во мисијата Палермо експресно да се врати во елитата. Весникот од Милано имаше многу пофални зборови за Илија.
– Тој е главниот лик во Палермо во 2017. Во него се крстеа дека ќе донесе опстанок, а сега дека ќе ги врати во Серија А. Постигнува голови, бележи асистенции, даде ветување (и го одржа) дека ќе остане да игра во Серија Б, и го продолжи договорот. Освен тоа што испадна со Палермо, 2017 беше прилично успешна за Несторовски, кого сега го чекаат нови предизвици во 2018. Доколку не пристигне некоја луда понуда во јануари – и во овој момент се чини дека нема ништо такво на повидок – тој ќе продолжи да биде симболот на Палермо, пишува најпознатиот весник од Италија.
– Изминатава година тој постигна 16 погодоци од кои 14 во дресот на Палермо (4 од јануари до мај во Серија А, 10 во Серија Б) и два со репрезентацијата на Македонија. Одлични бројки за играч кој пристигна на мала врата од Интер Запрешиќ за само 500.000 евра. Но со своите погодоци ги замолкна сите критичари и скептици. Головите најмногу ги постигнуваше со левата нога (12 од 16) и секогаш од шеснаесетникот, освен прекрасниот слободен удар против Ентела. Овој погодок веројатно беше и неговиот најубав, перфектна егзекуција со која не му остави простор на голманот да интервенира.
– Покрај головите, мора да се напомене и неговото однесување како прав капитен, кој се жртвуваше за групата, со пример ги водеше соиграчите и ги охрабруваше кога работите не одеа според планот, пишува меѓу другото „Газета дело Спорт” за Несторовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.