Македонската ракометна репрезентација ќе игра со домаќинот Данска на премиерата за нас на европското првенство во јануари. Во Хернинг на 12. јануари ќе играме против актуелниот европски првак, кој е фаворит во А групата.
Два дена подоцна на 14. јануари не чека дуел со Чешка, а финишот од натпреварите по групи за Македонија е мечот против Австрија на 16. јануари.
Арената во Хернинг е со капацитет од 11.800 места, а нашите ракометари ќе се обидат за прв пат да дојдат до позитивен резултат против фавозиризаната данска репрезентација, од која загубија на претходните три големи натпреварувања (СП 2009, ЕП 2012 и СП 2013).
Со Чесите имаме пријатно искуство од претходното ЕП во Србија, кога бевме петопласирани. Тогаш со триумфот од 27-21 во клучниот меч против Чешка во фазата по групи, минавме понатаму.
Во последниот натпревар од групата А македонските репрезентативци играатсо Австрија, репрезентација што важи за аутсајдер во групата. Од нив бевме подобри лани, во баражот за пласман на СП во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


