| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е „најгугланата“ диета во 2017 година

За две недели можете да изгубите од 10 до 12 кг., а за три недели, колку што и максимално смее да се држи оваа диета, можете да симнете дури до 15 килограми. Колку точно килограми ќе загубите е сепак индивидуално и зависи од повеќе фактори како возраста, полот, видот на масните наслаги (внатрешни или поткожни), местата на кои најмногу се наталожени масните наслаги (стомакот или колковите, на пример) и т.н.

Француската протеинска диета е позната и како диета со кременадли и вино, бидејќи најмногу се заснова на овие две намирници. Поради тоа и посебно е погодна за поладните месеци во годината, кога и природно повеќе се јаде месо и се пие црвено вино.

Појадок: чаша свеж сок од портокали, две тврдо варени јајца или една кременадла (150 гр.) на скара, кафе или чај без шеќер
Ручек: чаша свеж сок од портокали, една кременадла од 200 гр. подготвена на тефлон, сервирана на лист зелена салата и чаша суво црно вино
Вечера: исто како ручекот.

Во текот на диетата се забранети леб и бели пецива. Се пие само црно вино, останатите алкохолни пијалаци се забранети. Ако сте љубител на црно вино, оваа диета е како создадена за вас. За да не ви биде еднолична храната, можете да користите различни видови на месо, само не смеете да ја зголемувате количината. Помеѓу оброците можете да пиете минерална вода колку сакате, исто така и кафе и чај без шеќер.

Во втората недела на диетата се воведува и зеленчук – краставици, домати, зелка, кромид, модар патлиџан, пиперки, праз, тиквички и печурки. За појадок можете да испржите зеленчук во тефлонска тава со неколку капки маслиново масло заедно со двете јајца кои се предвидени за појадокот. За ручек пак можете да направите салата од зеленчуци кои не се погодни за пржење, на пример од зелка, домати и краставици со маслиново масло.

Доколку за две недели ја постигнете саканата тежина ја прекинувате диетата, а доколку сакате да ослабите уште некој килограм, ја продолжувате за уште една недела.

Се препорачува во текот на диетата да земате мултивитамински препарати бидејќи диетата не ги обезбедува сите витамини и минерали што му се потребни на организмот. По 2-3 дена од диетата може да се појави чувство на слабост, малаксаност, главоболка и сл., но не грижете се бидејќи тоа се минливи појави и доколку не се екстремни ќе поминат самите за неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top