| четврток, 6 декември 2018 |

Конкурсот за „Роман на годината“ за 2017-та завршува на 15 јануари

До 15 јануари ќе биде отворен Конкурсот за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2017 година.

Наградата во изминатите 18 години ја доделуваше редакцијата на поранешниот „Утрински весник“, а оваа година првпат ќе ја додели новоформираната Фондација за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“.

Може да конкурираат сите романи објавени во текот на 2017 година. За наградата ќе одлучува петчлено жири, составено од книжевници и еден претставник од Фондацијата.

Романите што влегуваат во конкуренција може да ги предлагаат самите автори, нивните издавачи или читателите.

Предлагачите треба до крајниот рок (15 јануари 2018) да достават до Фондацијата по пет примероци од предложените книги, кои не се враќаат. Пожелно е и доставување на романот во електронска верзија на адресата romannagodinata@gmail.com.

Книгите се доставуваат на адреса Читална „Славко Јаневски“, ул. „Димитрија Чуповски“ бр.21, 1000 Скопје.

Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе го соопшти добитникот на наградата „Роман на годината“ најдоцна до 15 март 2018 година. Таа се состои од плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top