| четврток, 6 декември 2018 |

На Фросина Пармаковска денеска ќе ѝ биде доделена наградата „Роман на годината“ за 2017

На писателката Фросина Пармаковска вечер од 18 часот на пригодна свеченост во Даут-пашин амам ќе ѝ биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2017 година.

Пармаковска беше избрана за добитник на признанието за својот трет роман „Одбројување“, издание на „Или-или“, во конкуренција на 27 романи.

Оваа година наградата се доделува по 19-ти пат. По згаснувањето на „Утрински весник“, кој до минатата година го организираше конкурсот за „Роман на годината“, првпат годинава организатор е Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и статуетка. Наградата е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка а.д.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top