Утре , четврток, 15 март, во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во 11 часот, Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе одржи прес-конференција на која ќе биде соопштено името на лауреатот на 19-тата награда „Роман на годината“.
Наградата „Роман на годината“ досега ја доделуваше сега згаснатиот „Утрински весник“, а од годинава ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.
Романите „Одбројување“ на писателката Фросина Пармаковска во издание на „Или – или“, „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, чиј издавач е „Готен“ и „Диссомнии“ на Игор Станојоски во издание на „Антолог“ се финалистите за престижната награда „Роман на годината“ за 2017 година.
Во официјална конкуренција за наградата „Роман на годината“ беа 27 романи, а по пат на тајно гласање за него одлучува жирито во состав: Давор Стојановски (претседател) минатогодишен лауреат, Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


