| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата „Роман на годината“ ќе биде врачена на 12 април

В четврток, 12 април, во Даут-пашиниот амам во Скопје, со почеток во 18 часот на пригодна свеченост ќе биде врачена наградата „Роман на годината” за 2017 година. Годинашен лауреат е романот „Одбројување” на Фросина Пармaкoвска, издание на „Или-или”.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 19-ти пат. Неа од 1999 година, па сѐ до неговото згаснување минатата година, ја доделуваше „Утрински весник“. По неговото гаснење наградата ја презеде Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ што ја формираа основачите на „Утрински весник“, токму со идеја традицијата на доделување на оваа награда да се продолжи и по можност дури и да се унапреди. Ова е првата награда што ја доделува Фондацијата. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и статуетка. Наградата е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top