| четврток, 6 декември 2018 |

Маестро Штербик со две одбрани меѓу најдобрите пет на фајналфорот во Келн (видео)

Кога во составот имаш еден голман како што е Арпад Штербик, тогаш е многу полесно да успееш да ја оствариш зацртаната цел. Семоќниот шпански ветеран изминатиот викенд блескаше во дресот на Вардар на завршниот ракометен турнир на ЛШ во Келн и со своите генијални одбрани ги доведе до лудило противничките ракометари.

Очекувано, одличниот настап на Штербик беше награден со МВП на финалето и со две места во најдобрите 5 одбрани на овој Ф4 турнир. Првото место му припадна на голманот на Барселона, Де Варгаз кој со фантастичен рефлекс успеа да го одбрани цепелинот на Карачиќ во полуфиналната средба со Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top