Аеродромот во Келн вечерва три часа бил затворен откако компанијата Изиџет морала присилно да слета авион заради закана со бомба. Полицијата уапсила три лица, пренесоа германските медиуми.
од авионот Ербас кој летал од Љубљана за Лондон евакуирани се 151 патник а полицијата по претресот открила сомнителен ранец и извршена е контролирана експлозија.
Пилотот се одлучил за присилно слетување, набрзо откако полетал, бидејќи му бил пријавен „сомнителен разговор“ во авионот.
-Сериозно ја сфативме ситуацијата но не може да се потврди дали во прашање е терористички чин- вели официјално лице на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.