| четврток, 6 декември 2018 |

Книга е идеален подарок за Нова година

И малите деца кои не веруваат во Дедо Мраз, не се откажуваат од желбата за подарок под елка. Родителите се прашуваат што да им купат на децата за Нова година. Најлесно е да се прашаат децата што сакат, но одговорите често не се „задоволувачки“ родителите, па мораат да балансираат.

Суштината е подарокот да биде не само по желба на детето, туку и паметно избран, корисен и финансиски достапен. А тоа не е
така едноставно.

На барањата на децата не треба премногу да им се дава значење бидејќи така се поттикнува нивната незаситност. Ако навикнат да добиваат се што сакаат, многу брзо ќе дојде до заситувње, па нема да има здрави желби. Треба од најмала возраст да знаат дека убавината на подарувањето не е во луксузот туку во вниманието.

Во пакетчето, покрај колачи, со кои децата сигурно ќе бидат среќни, ставете убави книги, бајки или мини енциклопедии. Не само дека се корисни, туку на децата ќе им биде добро друштво за зимскиот распуст. Подароците кои поттикнуваат фантазија и креативност, како што се лего коцките, секогаш се добродојдени.

Ако децата се занимаваат со спорт, празниците можат да бидат повод да добија нова топка или тениски рекет. И друштвените игри ги поттикнуваат децата на размислување и се добри за социјализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top