| четврток, 6 декември 2018 |

Металург со Пик Сегед во полуфиналето за влез во ЛШ

Македонскиот вицешампион Металург ќе игра против унгарскиот претставник Пик Сегед во полуфиналето на турнирот составен од 4 екипи, што добија вајлд-карта од ЕХФ. Ако тимот од Автокоманда мине понатаму во еден меч против силниот ривал од Унгарија, ќе настапи во финалниот дуел против подобриот од Монпелје и Висла Плок.

Металурзите се пријавија за организатори на турнирот, а ЕХФ треба дополнително да одреди кој клуб ќе добие можност да биде домаќин.  Само една екипа од овој турнир ќе игра следната сезона со кремот на европскиот клупски ракомет, во Лигата на шампионите.

Директно во фазата по групи се пласира македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ извлекувањето на групите за Лигата на шампионите ќе го чекаат од третиот барабан, каде се наоѓаат и тимовите на Фленсбург (Германија), Атлетико Мадрид (Шпанија) и Санкт Петербург (Русија).

 Новиот клуб на македонскиот капитен Кирил Лазаров, Барселона, се наоѓа во првиот барабан според рејтингот, заедно со Кил (Германија), Алборг (Данска) и со Веспрем (Унгарија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top