| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Раковиќ, историчар: Централнобалканска република е новото име за Македонија

Српскиот историчар Александар Раковиќ во изјава за српските медиуми вели дека е договорено новото име на нашата земја.

-После влезот на Црна Гора во НАТО, следен чекор на Вашингтон на Балканот ќе биде решение за кризата во Македонија, државата треба да добие ново име за да се реши деценискиот спор со Грција и да се овозможи прием во НАТО.

Историчарот Александар Раковиќ изјави дека наместо досегашната Република Македонија, односно Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), сега е договорено ново име- Централнобалканска република (ЦБР).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top