| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: Зоран и Заев се во постојана комуникација и дијалог иако повремено не се разбираат

 

-Села беше претепан на 27-ми април за Заев да стане премиер. Зијадин е сега “исфрлен“ од Владата за да може Зоран да остане премиер – напиша новинарот Васко Ефтов на својот Фејсбук профил.

Ова е неговиот статус интегрално:

Зијадин гарантираше за Села, но Зоран не гарантираше за Заев.

Бидејќи Зоран не можеше да го исполни ветувањето на Заев, Зијадин сега треба да му се лути на Села што преговарал со Заев, а не со Зоран! Инаку Села и Заев и понатаму се во одлични односи само чекаат Заев за тоа да го информира Зоран.

Сега Заев во трето лице еднина ќе му се обрати на Зоран, а потоа Зоран на прес-конференција ќе и соопшти на македонската јавност што се договорил со Заев! Што ќе рече, Зоран и Заев се во постојана комуникација и дијалог иако повремено не се разбираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top