Доктор Џон Ворнер е претседател на Американсата асоцијација на кардиолози. На врвот на својата
кариера доктор Џон Ворнерм одржал говор на медицинска конференција во Калифорнија.
Тогаш рекол:
– Кога мојот син се роди и кога поширокото семејство се запознававме, сфатив нешто многу
вознемирувачко: немаше ниеден повозрасен член од двете страни на семејствата, ни од кај жена ми ни од
моја. Сите ги покосиле кардиоваскуларните болести.
За помалку од 24 часа откако го одржал говорот, 13 ноември, доктор Ворнер, кардиолог, и самиот
доживел срцев удар, објавил АБЦ.
– Никогаш не би помислил дека ќе имам инфаркт во 52 година – вели Ворнер.
Лика и прилика за здрав човек, докторот на колеџ тренирал трчање, редовно вежбал, внимавал што јаде,
нема фактори за ризик како што е пушење, висок притисок и високо ниво на холестерол.
– Тоа утро се чуствував добро. Многу луѓе кои доживеале срцев удар немале никакви симптоми- рекол
докторот.
Спрема податоците во САД, надвор од болница само 10 отсто луѓе кои доживеале инфарк преживеле, а
реанимацијата може да ја удвостручи па дури и да ја утростручи шанста за преживување.
Спрема зборовите на неговата жена, знаеле дека му е неопходна помош. Срцевиот удар се случил во
хотелската соба во присуство на женами и двете деца.
– Не дишеше и стануваше се помодар-вели жена му. Таа со синот излегле да барат помош а со него
останала ќерката, која почнала да применува се што знаела за реанимација. За среќа и хотелот бил полн
со доктори, па еден доктор и сестра притекнале во помош и продолжиле со реанимација.
– Да не ја применеа врз мене кардиопулминалната реанимација, не би бил денеска жив – вели др. Ворнер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По смената на власта: Сашко Кедев вратен на позиција од пред 25 години
-
Британски кардиолог: Мастите го чуваат здравјето, еве што не дебелее
-
Професор Отљанска: Младите се почесто страдаат од хипертензија
-
Д-р Паланова, кардиолог: Стрес-тест е за оние што имаат нејасна градна болка, аритмија и зголемен крвен притисок