| четврток, 6 декември 2018 |

Ниско и нечовечки: Српски политичар го нападна Срѓан Тодоровиќ по смрта на неговиот син (фото)

Професорот од Нови Сад и несуден кандидат за претседател на Србија, бив член на Трета Србија, Андреј Фајгељ, на твритер предизвика жестоки реакции поради твит за смрта на синот на актерот Срѓан Жика Тодоровиќ.

Иако на актерот му се случи огромна и несогледлива трагедија кога му почина синот кој е стар само 3 години, Фајгељ прокоментира дека ова е „наплата“ за филмот кој го снимал Тодоровиќ во кој се силува бебе.

Иако актерот не е наведен, јасно е дека се алудира на „Српски Филм“ кој предизвика контроверзи во јавноста по бруталните сцени меѓу кои има и силување на бебе. Но, српската твитер заедница жестоко го нападна политичарот поради изјавата со која де факто ликува на смрт на дете.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top