Кандидатот за градоначалник за општина Центар од здружената опозиција Андреј Жерновски да престане да ги копира реализираните проекти и сите новини кои ЈП Паркинзи ги нуди на сите граѓани на општина Центар – порача носителот на советничката листа на општината Центар, Томислав Лазаров.
Тој го запраша Жерновски на кој катни гаражи мисли, на оние што веќе се реализирани од страна на општината или само ја читал програмата на актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ.
Според него она што денес го понуди Жерновски во врска со паркирањето било каде без временско ограничување и без давање приоритет на жителите што живеат во општина Центар водело кон враќање на хаосот со паркирањето во оваа општина. Лазаров потенцираше дека досега општина Центар обезбедила 6.400 места од кои 4.500 биле резервирани само за станарите, било обезбедено бесплатно паркирање за секој жител на општината за едно возила, а за второто било само 8,3 денари дневно. Бил обезбеден еден час бесплатен паркинг и гостинска карта за сите жители на Центар и била изградена јавна катна гаража за 500 паркинг места со што е решен сообраќајниот хаос кај судовите.
Како што информираше Лазаров, во изградба се уште шест катни гаражи, што значи дека покрај досегашните паркинг места ќе се обезбедат вкупно 3.488 места.
Тој, исто така упати апел до организаторите на отпорот на фер и коректно однесување и да не ја загрозуваат безбедноста на граѓаните со лепење плакати на сообраѓајните знаци на подрачјето на општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата