Кандидатот за градоначалник на ВМРО–ДПМНЕ за општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и носителот на советничка листа, Томислав Лазаров, ја промовираа новопроектираната населба во Крњево. Планот предвидува изградба на целосна инфраструктура, улица, фекална и атмосферска канализација, водовод, нисконапонска мрежа.
– Општина Центар откако првпат го изготви урбанистичкиот план на локалитетот Крњево, има обврска во наредниот период за жителите да ја изведе инфраструктурата. Тоа значи дека за околу дванаесетина улички, дел од нив постојни, дел новопроектирани, ќе се изведе целосна инфраструктура, коловоз, тротоари, осветлување, фекална и атмосферска канализација – рече Тодоровиќ.
Висината на оваа инвестиција е околу 60 милиони денари, а општина Центар ќе почне со реализација веднаш по изработката на проектите.
Тодоровиќ уште еднаш ја нагласи важноста од вложување во инфраструктурата што, според него, е значаен предуслов за економски развој и привлекување инвестиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата