
За ова денеска информираше градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ.
– Со оглед дека урбанистичкиот план неодамна го донесовме, онаа наша обврска како локална самоуправа што ја имаме ќе ја извршиме во наредниот период, а тоа е изградба на нови сообраќајници, на кои претходно ќе има поставено атмосферски, фекални и други инфраструктурни решенија, осветлување, тортоари и урбана опрема – рече Тодоровиќ.
Тој нагласи дека висината на инвестицијата што Општината ја предвидува, иако сè уште нема детални проекти, се движи од 42 милиони денари, па нагоре со оглед дека во тие калкулации првично не се пресметува висината на уредувањето на урбаните површини, како урбана опрема.

Општината ќе почне со реализација на овие планови веднаш по изработката на проектите за овој локалитет. Тодоровиќ додаде дека се работи за локалитет од Олимпискиот базен, па до трговскиот центар „Веро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


