– Сите што ме познаваат како човек и како политичар, знаат дека не сум вршел притисок врз некого – изјави Христијан Мицкоски, единствениот кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ синоќа пред почетокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицковски вели водел позитивна кампања и дека неговите поддржувачи ја презентирале неговата програма на легален и легитимен начин според статутот на партијата.
– Ги почитувам членовите на партијата кои иницираа одложување на конгресот и формирање на колективно претседателство и сметам дека се искусни политичари, чии капацитети можат да се искористат – рече Мицковски, кој не ја отфрла можноста дел од нив да ги задржи во раководството, доколку биде избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето дали стравува од можни фракции во партијата, како резултат на незадоволство ако тој застане на чело на партијата, вели дека ВМРО-ДПМНЕ била и ќе остане обединета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицковски до СДС: Почнете да ги решавате проблемите, затоа сте седнати во тие фотелји
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зголемувањето на даноците кое го планира СДСМ ќе значи уништување на стопанството и економијата
-
Мицковски: Даночната политика на СДСМ дополнително ќе го осиромаши народот
-
Набавка на нова рударска механизација за РЕК „Битола“