| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски: Даночната политика на СДСМ дополнително ќе го осиромаши народот

По повод 27-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, чија прослава ќе биде оваа сабота, партијата ќе организира низа циклуси на панел дискусии. Денеска е организирана првата насловена како „Единствени кои носат инвестиции и отвoраат работни места“.

Модераторот на денешната дискусија Христијан Мицковски се осврна на даночната политика, која новата Влада сега ќе ја промени, со зголемување на данокот за оние кои заработуваат повеќе од 1.000 евра.

– Станува збор за нова даночна политика која ќе биде поразлична од онаа која што ја практицираше владата предводена од страна на ВМРО-ДПМНЕ и која што сама по себе вклучува зголемување на даноците. Односно напуштање на онаа пракса на рамен данок, која што беше призната од сите релевантни меѓународни институции, како што се Светската банка, ММФ, сите оние критичари и аналитачира кои што се активни во регионот па и пошироко. Туку имплементирање на една нова даночна политика, која што вклучува скалест данок, односно оданочување на 10 и 18 проценти, кажа Мицковски.

– Доколку продолжи ваквиот пристап да се аплицира од страна на владата која што во моментов ја предводи СДСМ, може само дополнително да значи осиромашување на народот и намалување на приходната страна на државниот буџет, заклучи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top