| четврток, 6 декември 2018 |

Набавка на нова рударска механизација за РЕК „Битола“  

-АД ЕЛЕМ денеска ќе објави јавен повик за набавка на рударска опрема за РЕК „Битола“. Јавниот повик за набавка на рударска опрема за ископ на јаглен е во вредност од 34 милиони евра – посочи денеска денеска генералниот директор на компанијата Христијан Мицкоски.

Набавката на нова рударска опрема за РЕК „Битола“ ќе овозможи продолжување на работниот век  на термоелектраните  за дваесет години. Новата опрема ќе овозможи побрзо отворање на рудникот „Подинска јагленова серија Суводол“, а ќе значи и намалување на оперативните трошоци при ископот на јаглен од површинскиот коп „Брод Гнеотино“. Со набавката на рударската механизација ќе нема потреба од ангажирање на надворешни фирми со што значително би се намалиле трошоците при експлоатација и тековно одржување во РЕК„Битола”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top