До 15 часот се пристигнати две кандидатури за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот кој утре и задутре ќе се одржи во Валандово, неофицијално дознава „курир“ од партиски извори.
Правната комисија на партијата дополнително ќе ги разгледа двете поднесени кандидатури, со цел да се утврди дали истите се валидни.
Генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски на својот ФБ профил пред неколку минути напиша дека со чиста мисла, со голема верба, и со отворено срце ќе ја прифати одговорноста да поднесе кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се избере на 16тиот конгрес во Валандово. Засега не се знае чија е втората кандидатура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.