| четврток, 6 декември 2018 |

Сер Алекс Фергусон именуваше пет екипи кои можат да ја освојат Премиер лигата оваа сезона

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед и најдобриот тренер во историјата на Премиер лигата, Сер Алекс Фергусон, именуваше пет екипи кои можат да го освојат првенството оваа сезона.

Секако поради неговата богата кариера неговите зборови имаат и тежина. Тој беше прашан кој клуб има најголеми шанси за освојување на овогодинешното првенство. Одговорот нема да им се допадне на многумина, но Фергусон смета дека на врвот на листата треба да биде градскиот ривал Манчестер Сити.

– Мислам дека има пет потенцијални кандидати. Манчестер Сити е фаворит, а тука се уште и Тотенхем и Ливерпул. Секако и Јунајтед може да стигне до врвот ако дојде до рутината во натпреварите и победите. Секако не треба да се заборави и Арсенал. екипата е цврста, силна и агресивна. Подобри се од минатата сезона – објасни Фергусон.

Како што се гледа од одговорот на Фергусон, екипата на Челси не е во потесниот круг на тимови кои можат да ја освојат Премиер лигата оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top