| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени кандидатите за наградите„Оскар“

Американската филмска академија ги објави номинациите за 90-то доделување на наградите „Оскар“.

Како главен фаворит на манифестацијата годинава се наметнува драмата „The Shape of Water“ на Гиљермо дел Торо со рекордни 13 номинации.

Во категоријата за најдобар филм за престижното признание ќе се натпреваруваат девет филмови: „Call Me By Your Name”, „Darkest Hour“, „Dunkirk“, „Get Out”, „Lady Bird“, „Phantom Thread”, „The Post”, „The Shape of Water“ и „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“.

За Оскар ќе се натпреваруваат режисерите: Кристофер Нолан (“Dankirk”), Џордан Пил („Get Out“), Грета Гервиг („Lady Bird“), Пол Томас Андерсон (“Phantom Thread”) и Гиљермо дел Торо за „The Shape of Water“ .

Во конкуренција за престижното признание во категоријата најдобар актер се Тимоти Шаламе за улогата во „Call Me By Your Name”, Даниел Деј Луис („Phantom Thread”), Данијел Калуоја („Get Out”), Гери Олдман („Darkest Hour”), Дензел Вошингтон („Roman J. Israel, Esq”).

Во категоријата најдобра актерка номинирани се: Сели Хокинс („The Shape of Water”), Френсис Мекдорманд („Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”), Маргот Роби („I, Tonya”), Серше Ронан („Lady Bird”) и Мерил Стрип („The Post”).

За споредна женска улога се натпреваруваат Мери Џ. Бланџ („Mudbound”), Алисон Џени („I, Tonya”), Лесли Манвил („Phantom Thread”), Лори Меткалф („Lady Bird”) и Октавија Спенсер („The Shape of Water“).

За Оскар за најдобра машка споредна улога претендираат Вилијам Дефо („The Florida Project”), Вуди Харелсон („Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”), Рикардо Џенкинс („The Shape of Water”), Кристофер Пламер („All the Money in the World”) и Сем Роквел („Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”).

На листата песни, за Оскар номинирани се: „Mighty River” од филмот „Mudbound”, „Mystery of Love” („Call Me By Your Name”), „Remember Me” од анимираниот филм „Koko”, „Stand Up for Something” („Marshall”) и „This is Me” („The Greatest Showman“).

Во категоријата најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје, номинирани се чилеанското остварување „A Fantastic Woman” на Себастијан Лелио, „Без љубов” на Андреј Звјагинцев (Русија), „The Insult” на Зијад Довеири (Либан), „За телото и душата“ во режија на Илдико Ењеди (Унгарија) и „Квадрат” на Рубен Естлунд.

Кога е музиката во прашање, номинирани се Ханс Цимер за „Dunkirk”, Џони Гринвуд („Phantom Thread”), Александре („The Shape of Water”) , Џон Вилијамс ( „Star Wars: The Last Jedi“) и Картер Барвел („Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”).

Во категоријата за најдобри визуелни ефекти се натпреваруваат филмовите „Blade Runner 2049″, „Guardians of the Galaxy Vol. 2″, „Kong: Skull Island“, „Star Wars: The Last Jedi” и „War for the Planet of the Apes“.

Оскар ќе биде врачен на 26 февруари на церемонијата предводена од комичарот Џими Кимел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top