| четврток, 6 декември 2018 |

Мусолини го финансирал Ватикан

Со помош на даночните придобивки и парите своевремено добиени од италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, Ватикан создал меѓународен имот вреден околу 600 милиони евра, кој опфаќа недвижнини во Велика Британија, Франција и Швајцарија, пишува Гардијан

23012013210941_musoliniТешко дека некој од минувачите  во Лондон би помислил дека продавницата на “Булгари”, светски познатиот производител на накит во Њу бонд Стрит, или  седиштето на инвестициската банка “Алтиум капитал”, имаат некаква врска со папата.
Блоковите службени згради кои се сместени во најскапите лондонски квартови, претставуваат дел од изненадувачката тајна комерцијална империја, чиј сопственик е Ватикан.
Британскиот весник ја истражувал оваа тема и дошол до интересни заклучоци. Католичката црква со години стекнувала меѓународен имот, користејќи ги парите добиени од Мусолини, а за возврат папата го признал фашистичкиот режим во Италија во 1929 година.
Од тогаш вредноста на влогот на Мусолини растела, така што сега преминува 600 милиони евра. Католичката црква за 18 милиони евра купила цела зграда во Лондон на познатата адреса Плоштад Сент Џејмс 30, а поседува и недвижности на уште најмалку две локации во центарот на Лондон, како и станбени блокови во Швајцарија и Париз.
Мусолини бил од драматична важност за финансирањето на Ватикан.
-Папството било финансиски обезбедено. Никогаш повеќе нема да биде сиромашно- пишува во Гардијан.
Според минатогодишниот извештај на Советот на Европа, кој имаше увид во финансиската контрола на Ватикан, средствата на специјалната единица на Паоло Менини- комерцијалниот банкар на папата, изнесуват повеќе од 680 милиони евра.
Држењето во строга тајност на фашистичкото потекло на богатството на Ватикан, било оправдано во воениот и повоениот период, но нејасно е зошто Ватикан денес толку инсистира на тајност  за сопствениот имот.
На сите прашања кои на оваа тема биле испратени од страна на новинарот на Гардијан, Ватикан немале никаков коментар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top