| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно откритие во Рим: Под голем обелиск пронајдена порака од Мусолини

musolini

Под еден голем обелиск во Рим, пронајден бил текст кој фрла ново светло над фашистичкиот режим на Мусолини. Пораката бил напишана на пергамент на латински јазик, а била оставена под споменикот заедно со повеќе златни монети, а се претпоставува дека диктаторот го закопал намерно за да го прочитаат следните генерации.

Ова сензационално откритие последните 80 години било сокриено во центарот на Рим, во близина на спортскиот комплекс Форо Италико, а научниците Бетина Риц-Хозе и Хан Ламерс добиле прилика први да го погледнат и да го преведат текстот. Ианку и самиот обелиск бил подигнат од Мусолини во 1932 во чест на фашизмот.

– Текстот дефинитивно бил наменет за следните генерации, изјавила за BBC Бетина Риц-Хозе, експерт од институтот во Гронинген.

Стручњаците велат дека имаат идеја кој го инспирирал Мусолина на нешто вакво.

– Познато е дека фашистите биле опседнати со римското царство. Тоа толку многу ги фасцинирало што постојано копале под рушевините во стар Рим и секако, понекогаш наоѓале по некој сокриена порака. Така веројатно и тие се сетиле да остават и самите порака, изјавиле од тимот на споменатие стручњаци.

solini

А што всушност имал Мусолини да им каже на помладите генерации. Главно пораката се сведувала на величење на фашизмот и на самиот Мусолини. Во првиот дел од пораката тој се претставил како спасител на Италија.

– Се опшал како римски цар и спасител на италијанскиот народ. Во описот на неговиот лик и дело дури користел и библиски изрази, открил доктор Ламерс.

Вториот дел од поракта бил за фашистичката организација на младите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top