| четврток, 6 декември 2018 |

Бункерот на Мусолини ги отвора вратите за посетители

1

Личниот бункер на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини ги отвора вратите за посетители. Тоа се случува 84 година по почетокот на изградбата на заштитниот објект кој фашистичкиот лидер го градел за себе и за своето семејство под закана од бомбардирањето на антихитлеристичката коалиција во Втората светска војна, соопштува „Ројтерс“.

2Дирекцијата за култура на општина Рим ги отвора занданите кои се наоѓаат под луксузната вила „Торлонија“ и нејзината градина, откривајќи една од најмрачните страници на италијанската историја. Мусолини управувал со Италија од 1922 до 1943 година.

Во Втората светска војна тој го поддржува  Хитлер и го спроведува антиеврејското законодавство, потсетува „Ројтерс“. Под закана од бомбите на непријателската авијација, Мусолини решава да направи бункер од винарницата на вилата, која е со херметички врати против гасов напад. Подоцна, Мусолини наредил изградба на втор, а потоа и на трет бункер, но тој, сепак, останал недовршен по апсењето на диктаторот во 1943 година.

3

Токму третиот бункер на 6,5 метри под земјата и со четири метра ѕидови од бетон би станал најсигурното семејно скривалиште, коментираат истражувачите. Објектот останува недовршен и денес посетителите го гледаат онаков каков што бил во времето на апсењето на Мусолини пред 70 години. Отворањето на новиот музеј е закажано за 31 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top